Поради магла намалена видливоста на патот Тетово-Гостивар и кај Стража


Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Гостивар е намалена на 50 – 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 20 – 50 метри, информира Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово и Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.