Пожар во Крњево, спасени верски објект, пчеларник и викендичка
Пожар избувна денеска во кавадаречкото село Крњево, од Територијалната противпожарна единица велат дека не дозволиле пламените јазици да зафатат верски објект, пчеларник и викендичка.
-На гаснење сме од кај 13 часот. На терен сме 12 луѓе од четири тима, по два од нашата единица и „Македонски шуми”, подружница Кавадарци. Тука е и полицијата која води истрага околу тоа како настанал пожарот, рече Александар Чадамов, командир на единицата.
Пожарот има зафатено околу 20 хектари површина, со сува трева и дабова шума. Изгорени се дел од дабовите дрвја, а има и опожарени.