Пике не сака да игра за Шпанија, но сака за Каталонија


Жерар Пике заврши со репрезентацијата на Шпанија, но не и со Каталонија. Со оглед на тоа дека во моментов е пауза во фудбалските шампионати и време кога играат репрезентациите, свој собир ќе има и тимот на Каталонија.

Оваа селекција на 25 март ќе одигра пријателски натпревар со Венецуела во Џирона, со што ќе продолжи серијата мечеви кои немаат никаков натпреварувачки карактер.

Изненадување за сите е што за Каталонија ќеигра Жерар Пике, кој по Мундијалот во Русија минатата година соопшти дека ја заврши репрезентативната кариера. Но, изгледа дека тоа важи само за Шпанија.

Меѓу повиканите играчи е и ветеранот Чави Ернандез, легендата на Барселона кој сега игра во Катар за Ел Сад.

Селекторот на Каталонија Џерар Лопез во тимот повика 20 играчи.

Голмани: Едгар Бадија (Елче), Исак Бесера (Химнастик),

Одбрана: Жерар Пике (Барселона), Марк Бартра (Бетис), Мартин Монтоја (Брајтон), Алеиш Видал (Севиља), Дидак Вила (Еспањол), Марк Муниеса (Џирона), Марк Кукурела (Еибар).

Среден ред: Чави Ернандез (Ал Сад), Виктор Санчез (Еспањол), Пере Понс (Џирона), Жоан Жордан (Еибар), Алекс Гранељ (Џирона), Ориол Ромеу (Саутемптон), Алеиш Гарсија (Џирона), Оскар Мелендо (Еспањол).

Напад: Сержо Гарсија (Еспањол), Бојан Кркиќ (Стоук), Марк Кардона (Еибар).