Партијата на Села одлучува за избори


Алијансата на Албанците вeчерва ќе заседава во своето седиште во Тетово. Тема на состанокот е анализа на референдумските резултати и политичката ситуација во која се наоѓа земјава. Во тој контекст, се очекува партијата на Зијадин Села уште еднаш да ги охрабри партиите да ги изгласаат потребните уставни измени за да заживее договорот со Грција, но доколку не се случи тоа – и изборите се опција. Од Алијансата велат дека рејтинзите им одат во нагорна линија, така што се подготвени да ја предизвикаат ДУИ кога е во прашање албанскиот блок во земјава.