Падна првиот снег на Попова Шапка


Студениот воздушен бран под чие влијание се наоѓа Македонија сериозно го најави доаѓањето на зимата.

Но, додека во градовите тоа се рефлектира само со ниските температури, во зимскиот центар Попова Шапка од вчера може да се забележи снег.

Инаку снег претходно за прв пат падна и на Пелистер, а утрово може да се забележи дека е забелен и врвот на планината Скопска Црна Гора.

Уште неколку дена остануваат од месец октомври, и да навлеземе во претпоследниот месец во годината. Месец октомври беше доста топол, вистински есенски месец. Но, метеoролозите не го предвидуваат истото и за месец ноември.

Иако првиот ноемвриски ден ќе започне со висока температура и сонце, веќе од наредните денови се очекуваат значително пониски дневни, но и утрински температури.

Речиси цел месец ноември ќе има минимални, минусни температури, а дневната нема да достигне над 10 степени. Во овој месец се очекува и снег.