ОН: Близу 20.000 Авганистанци принудно ги напуштиле своите домови


Конфликите во Авганистан принудија речиси 20.000 луѓе да ги напуштат своите домови од почетокот на годината, покажуваат податоците со кои располага ОН.

Според Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН, 18.500 Авганистанци биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на годината или во просек по 385 луѓе дневно.

Принудно иселување е регистрирано во цел Авганистан, но најчесто од источните и западните делови на земјата, наведува ОН.

Поради конфликтот, во 2017 година домовите ги напуштиле 460.000, а во 2016 година – над 660.600 Авганистанци.