Облачно, студено и ветровито


Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус два до седум степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините.