Никогаш не пијте филтер, туку традиционално кафе во Турција


Турција, во последните години, е една од најбараните туристички дестинации во светот. Богатата историја и култура, бројните знаменитости, природните убавини, добрата храна, се само некои од причините зошто туристите сакаат да ја посетат оваа земја.

За разлика од листата работи кои ви ги советуваат при посетата на некоја земја, Business Insider ви препорачува нешто друго – листа работи кои не смеете да ги правите кога сте во Турција.

Немојте да го посетите само Истанбул

Задолжително посетете и други градови и региони. Одморете се на Медитеранот, посетете ги урнатините во Ефес, талкајте низ Кападокија, вдишете свеж воздух во Ајдер во провнцијата Риза.

Не нарачувајте филтер кафе

Задолжително пробајтетурско кафе кое се подготвува на традиционален начин и се служи во мали филџани. Во Турција пиењето кафе е ритуал со кој се здивнува од секојдневните обврски. Во секој град има специјализирани кафулиња, каде со кафето нудат и пророштво за иднината.

Не одете во скапи спа-центри

Место тоа посетете традиционални турски амами во кои владее опуштена атмосфера. Во Отоманското царство амамот бил важен дел од турската култура кој служел и како место за социјализација.

Не купувајте во трговски центри

Посетете ги локалните и историски базари. Најпознат, секако, е Големиот базар или Капали чаршија. Али, Кемералти во Измир или локални базари во предградијата на Анкара се многу поавтентични примери на турската култура.

Не грижете се за калориите и килограмите

Испробајте што нуди богатата турска кујна. Секој регион има свој специјалитет, а некои од најпознатите јадења се фузија од различни култури.
Турската кујна се смета за една од трите главни светски кујни поради разноликоста на рецептите, употребата на природни состојки, вкусови и ароми кои влијаат на сите чула и заради своето влијание на другите кујни ширум Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка.

Не очекувајте вашето „не“ да се прифати

Ова особено се однесува на храната, затоа што Турците се многу гостољубиви и едноставно нема да прифатат „не“ кога е храната во прашање. Во оваа земја вообичаено е храната прекумерно да се нуди, затоа што сметаат дека гостите се срамат сами да побараат.

Не носете слушалки додека шетате

Откријте ги различните жанрови на музика во зависност од регионот во кој се наоѓате. Од класична турска музика до народни и модерни песни. Ова е посебно изразено во Истанбул на чии улици може да слушнете секаква музика.

Не пропуштајте ги церемониите

Ако ви се пружи прилика да присуствувате на некоја венчавка, искористете ја. Интересни се и традиционалните церемонии на сликање на телото со к`на. Искусете ја магичноста на месецот Рамазан кога за време на ифтар бесплатно служат неверојатни јадења. Посетете ги и дервишите, ритуал кој ќе ве остави без здив.