На косовските полицајци им е забрането одење во кафеана и во џамија додека се на служба


Директорот на Полицијата на Косово Рашит Ќаљај информира дека на полициските службеници им е забрането во текот на работното време да седат во кафеани и да одат во џамија и дека тие таа забрана ја почитуваат, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Работното време се почитува сто отсто. Им забранивме на припадниците на полицијата престој во угостителски локали и одење во џамија во текот на работното време, изјави Ќаљај пред Комисијата за внатрешни работи на Собранието на Косово, каде што денеска даде отчет заедно со министерот за внатрешни работи Екрем Мустафа.

Директорот на косовската полиција информира и дека во текот на годинава во единицата за брзи интервенции се примени нови 107 припадници.

Министерот Мустафа нагласи дека приоритети на неговиот ресор се борбата против корупцијата и организираниот криминал, како што е трговијата со луѓе и незаконската миграција.

Членовите на Комисијата побараа од првите луѓе на полицијата да спречат повторување на скандалите, при што ја споменаа кражбата во одделението за докази и суспензијата на полицаецот кој ја објави информацијата дека синот на шефот на тајната полиција Шпенд Маџуни е приведен поради илегално поседување наркотични средства и оружје, а веднаш потоа и ослободен