Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Маврово
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 16 сантиметри, во Крива Паланка 10, во Тетово 8, во Битола 5, во Лазарополе 4, во Дебар и Тополчани 3, а во Скопје, Крушево и Претор 2. Најмалку снег, само еден сантиметар има наврнато во Демир Капија и Виница.
Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени -7 степени, по што следуваат Крушево со -6, Лазарополе со -5, Берово и Крива Паланка -3, додека на Зајчев Рид кај Скопје, во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и Виница -1. Нула степени се измерени во Петровец, Охрид, Штип, Демир Капија и Струмица, а два степена над нулата утринава температурата е во Гевгелија и Дојран.
За денес се најавува облачно, студено и ветровито време со врнежи до снег особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 3 степени.
Во Скопје слично време со со повремени врнежи од снег претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само до два степена.
Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.