МКФ: Клубовите до први септември да ја платат котизацијата
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) им даде дополнителен рок до први септември на клубовите да ги подмират средствата за котизација од 615.000 денари, доколку сакаат да се натпреваруваат во Првата лига.
Оваа одлука денеска ја донесе Комисијата за итност при МКФ, откако било констатирано дека голем дел од прволигашите не го испочитуваа претходно утврдениот рок (шести август) за да ја уплатат сумата.
Од МКФ наведуваат дека се крајно разочарани од односот на одредени клубови со цел да се заштитат и клубовите кои навремено платиле, неплаќачите ќе треба да платат и казна во висина од десет проценти на неплатените средства.
Ако најдоцна до први септември со апликацијата не се приложи доказ за уплата, пријавата ќе се смета за неуредна и екипата нема да биде вклучена во системот за натпревари во Првата лига за сезоната 2018/19.
Покрај ова, донесена е одлука за укинување на Третата лига и зголемување на второлигашката конкуренција.
За овие две одлуки во следниот период треба да се изјасни и Управниот одбор на МКФ.