Мигрант осомничен за убиство на пет лица во Македонија, уапсен во БиХ


Мигрант, кој пред две недели бил уапсен во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска, е осомничен за убиство на пет лица во Македонија, пишуваа босански „Аваз“.

Началник на тамошното МВР, Мујо Коричиќ, изјави дека во дополнителната истрага било утврдено дека уапсениот мигрант е осомничен за убиство на пет мигранти во судир во Македонија.

– Во Последните четири месеци во Унско-санскиот кантон се извршени 250 кривични дела, како обид за убиство, силување, тешки кражби – рече Коричиќ