Македонија претпре пораз од Израел на Европското првенство во Скопје
Jуниорската репрезентација на Македонија претпре тежок пораз од Израел со 57:81 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б-дивизија, што се одржува во Скопје.
За избраниците на селекторот Панче Милевски ова е трет пораз, откако претходно беа совладани од Холандија и Луксембург, а остварија само една победа против Исланд.
По реалативно израмнетата прва четвртина, израелските кошаркари во останатиот дел од натпреварот воспоставија контрола над теренот и имаа висока двоцифрена резултатска предност која ја одржуваа во текот на целиот натпревар.
Македонија утре ќе игра против Чешка.