Македонија го совлада Азербејџан на Европското првенство во Софија


Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево го совладаа Азербејџан со 74:67 на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија.

По двата порази од Летонија и Белгија, избраниците на селекторот Никола Василев потешко од очекувањата ги совладаа кошаркарите на Азербејџан со само седум поени разлика и стигнаа до првиот триумф на натпреварувањето.

Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ефремовски со 20 поени, Леонид Тодоровски постигна 18 поени, а Дамјан Крстевски реализираше 16 поени.

Македонските кошаркари на возраст до 20 години утре против Белорусија ќе го одиграат последниот натпревар од првата фаза.