Левандовски останува во Баерн
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач денеска стави крај на шпекулациите околу напуштањето на Роберт Левандовски на баварскиот тим.
– Имаме еден од тројцата најдобри напаѓачи во светот. Зборував со него (Левандовски) и му објаснив како стојат работите и како мислам да се потпирам на него. Се меѓу нас е јасно, тој е среќен што е во Баерн и тој не може да дочека да започне сезоната, изјави Ковач.
Фановите на Баерн беа сериозно загрижени од информациите од почетокот на годината дека Левандовски кој е ѕвезда на тимот, е речиси сигурен нов член на Реал Мадрид. Иако овие гласини се намалуваа со текот на сезоната, сепак досега немаше официјален став дали Полјакот со сигурност ќе продолжи да игра за „Баварците“.
Полскиот репрезентативец, кој по неколку месеци ќе наполни 30 години, има договор со Баерн до 2021 година. Секој тим кој сака да го преземе, ќе треба да плати повеќе од 100 милиони евра за него.