Лажела дека работи во Влада за да изнудува пари
Жена од Тетово е пријавена во полиција од страна на повеќе граѓани кои тврдат дека им се претставувала како вработена во Владата и им ветувала дека ќе ги вработи, при што парично ги оштетила.
Лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина вчера пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово.
Тие, како што соопшти МВР, во текот на ноември минатата година се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат. Од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.