Косово: На полноќ стапува предизборен молк


Во Косово денеска завршува изборната кампања за вториот круг на гласање во општините каде не беа избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 22 октомври.

Вечерва на полноќ стапува предизборниот молк, пред гласањето в недела.

Изборната кампања беше спроведена во 19 општини и траеше пет дена, при што кандидатите за градоначалници пред граѓанте ги презентираа проектите кои планираат да ги реалзираат доколку бидат избрани.

Најголемо внимание предизвикува изборот на градоначалник за косовската метропола, каде во трка се Шпенд Ахмети, од Движењето Самоопределување, кој на оваа функција беше и во изминатите четири години и Арбан Абраши од Демократскиот сојуз на Косово.

Втор круг на гласање, според Централната изборна комисија, ќе има и во Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Истог, Качаник, Каменица, Јужна Митровица, Обилиќ, Раховец, Подујево, Призрен, Штиме, Урошевац, Витина, Клокот и Малишево.

Во првиот круг беа избрани градоначалници на 19 општини.