Кичевските села останаа 12 часа без струја
Снежното невреме што го зафати кичевскиот регион предизвика дефект во електро-дистрибутивната мрежа, поради што поголем дел од околните села веќе 12 часа се без струја. Од ЕВН велат дека работат на отстранување на дефектот.
Жителите од овие села се соочуваат и со проблем со водоснабдувањето, бидејќи поради прекинот на струјата пумпите за вода не работат, а резервоарите се празнат и не можат да се полнат.
Поради прекинит на струјата и училиштата во селските средини кои се затоплуваат со нафта денеска не работат.
Снежната покривка во градот моментално изнесува 15 сантиметри, а во руралните средини е двојна поголема. Снегот и во овие моменти со променлив интензитет продолжува да паѓа.
По снежното невреме што го зафати кичевскиот регион собраќајот се одвива со потешкотии и во зимски услови.