Казахстан го забрани рускиот јазик на владините состаноци


Казахстан дополнително се оддалечи денеска од некогашните политички покровители во Москва откако во сила стапи забраната за употреба на рускиот јазик на состаноци на Владата.

Претседателот Нурсултан Назарбаев, кој ја води државата од 1989 година, има големи овластувања, ја воведе забраната ден претходно.

Тој е единствен од времето на СССР кој се уште е на власт и во своите говори и на состаноците често ги користи двата јазика. Но, голем број жители на Казахстан, како и високи претставници на државата префереираат руски јазик.

На денешниот состанок, пренесуван од државната телевизија, само еден член на владата, министерот за образовение Јерлан Сагадиев, смееше да зборува руски. Во 1991 година Казахстан стана независна држава и четири години подоцна, Назарбаев го прогласи рускиот за втор државен службен јазик. Во пописот од 2009 година, 62 отсто жители рекле дека зборуваат и пишуваат руски, додека руски знаат 85 отсто жители на државата. Етничката рамнотежа денес е изменета бидејќи Казахстанците се 69 отсто од 18 милиони жители, додека етнички Руси се само петтина.