Исчезнато 26- годишно момче во Скопје


Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома. Неговото семејство апелираше на социјалните мрежи, а случајот е пријавен во полиција.

Станува збор за Пинета Секондо (26), роден во Италија, кој во неделата заминал од дома.

Негови познајници се огласија на социјалите мрежи со цел да се пронајде момчето.

,,Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров во 22 часот. Излезен е со бела шкода (таблички СК1566АП) . Ве молам помогнете ми”, апелира неговата мајка на „Фејсбук“.

На социјалите мрежи кружат апели за помош да се пронајде момчето.

,,Бараме хакер што ќе го пробие пасвордот на Фејсбук! Детево се допишувало со ‘девојка од Тетово’ и од вчера е исчезнат! Недостапен е на телефоните!
Дечкото со радост ги очекувал родителите да пристигнат од странство по долго време, требало да ги пречека, но му се губи секоја трага! Пред да почнете со претпоставки, ниту е коцкар, ниту наркоман, ништо од пороци. Нормален дечко од прекрасни родители! Така и ги запознавме, мајка му е најголем хуманист и донатор во нашата организација! Ве молам да ѝ помогнеме да си го најде детето!

Доколку имаме хакер кој сака да помогне за да се најде  каква било трага, нека ѝ заѕвони, луѓево не спијат! Ова се броевите од дечкото, тел:078244808 и тел:070252836. Кој може да хакира компјутер или да најде телефон, ве молам пишете ѝна мајката! Не ѕвонете беспотребно ве молам!  Мајката е Маја, ‭078246917‬, ова е нејзин број! Бараме бела ‘шкода фабиа’ со таблички Ск1566ап. На левата страна на вратата има знаме од Европа и Македонија и пишува Демир Капија Смоквица”, се наведува во апелот објавен на „Фејсбук“.