Ќе се укине вицепремиерското место за Рамковен договор


Ќе се укинува Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а со тоа и оваа вицепремиерска функција, што ја извршува моментно Хазби Лика од ДУИ. Наместо тоа ќе се формира ново министерство за политички систем и мултикултурализам, најавуваат владини извори.
Според истите извори, за ова ќе почне да се дебатира на почетокот на идната година.
Тогаш ќе се отвори и дебата за евентуални предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Наводно, според владини извори, премиерот Зоран Заев бил под голем притисок од коалициски партнери за предвремени парламентарни избори. Соговорници од владата, категорично ја отфрлаат можноста Заев да биде кандидат за претседател на престојните избори.