Заев за Нова Година во Солун
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, запрашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје одговори дека по неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта “смета дека противречностоте од минатите години се минато “.
” Работите се зрели и би можело да се дојде до решение “, рекол Бутарис додавајќи:“Да сме информирани, премиерот Зоран Заев за Нова Година ќе дојде тука во Солун. Тој ќе дојде во лична посета, а јас ќе му помогнам што можам “.