Заев вели дека за неколку дена Владата ќе биде комплетирана
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека верува оти за неколку дена ќе се предложи министер за здравство во Собранието на Република Македонија, министер без ресор за странски инвестиции и заменик-министер за образование и наука.
– Верувам дека за неколку дена ќе се предложи министер за здравство овде во Собранието, министер без ресор и заменик-министер, за да бидат докомплетирани сите ресори во Владата, а дотогаш заменикот-министер, државниот секретар и другите во Министерството ја вршат работата, рече Заев.
Секако, посочи, тоа не е исто, но десет дена само се поминати. – Најбрзо можно ќе излеземе со предлог решение, додаде Заев.