Доминација на Вардар во првото полувреме, води со 14:6 против Загреб
Вардар игра одлично во првото полувреме против Загреб на гостински терен, во рамките на првата осминафинална пресметка во Лигата на шампиони. Македонскиот првак после првите 30 минути води со 14:6.
Вардар и Загреб се сретнаа и пред четири недели во рамките на СЕХА, кога скопјани на домашен терен победија со 28-26. Во првиот меч во Загреб, Хрватите славеа со 26-23. Во Лигата на шампионите последен пат меѓусебе играа во 2017 година кога македонскиот шампион извојува две убедливи победи, а потоа и ја освои титулата најдобар на Стариот Континент.