Димитров – Палмер: Поддршка од САД за Договорот од Преспа и членство во НАТО и ЕУ
Како што соопшти МНР, министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој, се додада, нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.
Димитров и заменик помошникот државен секретар Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението.