Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
Шефот на македонската дипломатија, како што информираат од МНР, ќе ја искористи можноста на средбата да побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија.
На средбата со соговорниците, министерот Димитров ќе ги сподели очекувањата на Република Македонија за напредок во пристапниот процес, а ќе ги информира за напредокот кој е постигнат во клучните реформски области и во унапредувањето на доборососедските односи, со фокус на имплементацијата на Договорот од Преспа.
Фото: Б. Грданоски