Демири: За Бејта закони не важат кога се во прашање лични интереси


Портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ” на прес-конференци покажа службени документи, кои, како што рече, се случаи на флагрантни примери на кршење на законите во сферата на урбанизмот, а кои според него, ги направил поранешниот градоначалник Невзат Бејта.

Демири потенцира дека при внатрешната ревизија во делот на легализацијата на дивоизградени објекти, заобиколена е процедурата. Тој покажа на увид и решение на кое отсуствува потписот на раководителот на Секторот за урбанизам.

– За Невзат Бејта законите не важат. Кога биле во прашање негови лични интереси, бил во состојба да ги заобиколи законите и да ги занемари соодветните служби, па самиот лично потпишувал решенија за легализација на дивоградбите. Ова јасно укажува дека раководителот на урбанизам одбил да биде дел од криминалот на претходната власт, рече Демири.

Тој потенцира дека во времето кога Бејта бил министер за локална самоуправа на владин состанок побарал да и се одземат надлежностите во сферата на урбанизмот на Општина Гостивар кога со неа раководеше Руфи Османи. Во тој период според портпаролот Демири, биле регистрирани 52 објекти во изградба без соодветна документација, а истите објекти до денес имаат проблеми со легализирањето, бидејќи претходно им е издадено решение за уривање.