Делегација на Град Скопје му оддаде почит на Борис Трајковски
По повод одбележувањето на 14 години од смртта на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Град Скопје, положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните на градските гробишта Бутел.
Делегацијата на Град Скопје, беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот, Азиз Максутовиќ и членот во Советот на Град Скопје, Петар Шапе.
Со овој чин, делегацијата на Град Скопје, оддаде почит на Вториот Претседател на независна Република Македонија, кој на 26 февруари, 2004 година, во атарот на село Ротимље, во близина на Мостар, трагично го загуби својот живот, во авионска несреќа.