Дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот во Ѓорче Петров


И Општина Ѓорче Петров отвори дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот. Со јавување на 2044-441 и 2039-307, граѓаните можат да пријават неисчистена општинска улица, затрупан приод до некој јавен објект и слично. Телефоните ќе бидат отворени до 16.30 часот, но, по потреба, велат од Општината, ќе станат достапни и 24 часа.

Истовремено, од Општината информираат дека во текот на ноќта и утрово, на територија на Ѓорче Петров фрлени се над 20 тони сол.

„Исчистени се улици во Волково, Орман, патот кон Никиштане, околу училиштата, а се фрлаше сол и по автобуските станици. По пријава на граѓани, службите на терен излегоа и по споредни улици низ целата општина, и пред објекти кои поради снегот беа тешко пристапни. Службите се и натаму на терен“, информираат општинарите.