Двојно зголемени водостоите на повеќето реки низ Македонија
Речиси тројно повисоко е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот за февруари, а Вардар и Сатеска се двојно зголемени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, зголемувањата на Пчиња, Црн Дрим и Струмица не се драстични, а пониски нивоа покажуваат Брегалница и Крива Река.
Кај водостојот на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро нема речиси никакви промени во однос на просечните вредности