Две лица загинаа во нов вооружен напад на Универзитет во САД
Најмалку две лица загинаа во напад извршен во Универзитетот во Мичиген, јавуваат американски медиуми.
Според полицијата жртвите не се студенти и осомничениот напаѓач е во бегство.
Полицијата на Твитер наведе дека се работи за маж со афро-американско потелко, дека е вооружен и опасен. Нападот се случил во студенстки дом во рамки на кампус, јави Еј-Би-Си Њуз.