Две деца од штипско со армиски возила пренесени во болница
Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.
Како што објави АРМ на својот фејсбук профилот, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.
Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие.