Грчкиот министер за транспорт денеска во Скопје


Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Според најавите, Спирцис ќе има средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по што се предвидени изјави за медиумите. На средбата се очекува да стане збор за патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10, како и за можностите за нови линии во авиосообраќајот.