Грција ќе ги продава термоцентралите кај Лерин и на Пелопонез
Грција постигна договор со Европската унија со кој се обврза да продаде неколку големи термоцентрали на јаглен и јагленокопи на државната компанија ДЕИ.
На списокот се централата Мелити кај Лерин и комплексот Мегалополи Аркадија во јужна Грција, заедно со нивните јагленокопи.
Синдикатите веќе најавија протести против продажбата на централите, стравувајќи дека тоа ќе доведе и до намалување на бројот на вработени.
ДЕИ произведува 90 проценти од електричната енергија во Грција. Европската унија ја обвини оваа државна компанија дека го монополизира пазарот на струја и изработи план според кој централите треба да бидат продадени до јуни 2018 година.
Продажбата на државни компании и имот е една од главните обврски што Грција ги презема за да добие финансиска помош од ЕУ и другите меѓународни доверители. Паралелно со продажбата на термоцентралите, Грција ќе мора да го либерализира пазарот на електрична енергија