Грција прогласи национална жалост поради жртвите од поплавите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост во земјата поради жртвите од поплавите, во кои загинаа 15 лица, јавија грчките медиуми.
– Прогласувањето национална жалост е најмалку што можам да направам –  изјави Ципрас.

Министерството за надворешни работи на Грција се очекува да објави тридневна национална жалост.

Ципрас истакна дека ќе се направи „целосна истрага за да не се повтори катастрофата“.