Генералот кој испи отров во Хашкиот трибунал оставил проштално писмо


Хрватскиот генерал Слободан Праљак, кој драматично се самоуби во Хашкиот трибунал додека му беше изрекувана пресудата, оставил проштално писмо во кое бара да биде кремиран и пепелта да биде растурена по гробиштата Мирогој.

Според „Вечерњи лист“, генералот Праљак го испратил писмото до своето семејство пред две години, и порачал тоа да се отвори во случај на негова смрт.

Весникот пишува дека генералот две години се подготвувал за самоубиство, но не го информирал семејството за тоа.

Праљак испи отров додека судијата во Хаг му изрекуваше казна затвор од 20 години за воени злосторства извршени врз Бошњаци за време на Босанската војна.