Во Црна Гора објавен некролог на „неродено девојче“
Подгорица-Во црногорските градови се појавиле постери и легенди кои предупредуваат на злоупотребата на пренаталните тестови за рано откривање на полот на децата и на практиката на селективен абортус.
“На ваков начин ве информираме дека во Црна Гора се изведуваат голем број на селективни абортуси годишно.Некои родители повеќе сакаат момчиња, па затоа девојчињата често не добиваат шанса да се родат. Да ја спречиме злоупотребата на пренаталните тестови и да ја спречиме практиката на селективни абортуси”, стои во порака на постерите.