Во Грција денеска почнува првата даночна лотарија
Властите во Грција од денеска почнуваат со првата даночна лотарија, при која по 1.000 евра секој месец ќе се доделат на 1.000 луѓе. Целта на лотаријата е да ја интензивира борбата против затајување на приходот и да го поттикне плаќањето даноци.
Грчкото Министерство за финансии објави дека еден милион евра ќе бидат распределени меѓу 1.000 лица според бројот на нивните финансиски трансакции и учеството во извлекувањето ќе биде автоматско, односно нема потреба некаде да се оставаат личните податоци.
Наградата од 1.000 евра ќе биде во форма на готовина или даночно ослободувања од истиот износ.
Сумата од еден милион евра месечно се смета за симболичен трошок во однос скриените 11 до 16 милијарди евра приход секоја година.
Очекувањата се дека грчките граѓани ќе бидат привлечени да ги платат своите даночни обврски и да ја спречат севкупната даночна евазија.
Грција првпат ја предложи ДДВ-лотарија на кредиторите од ЕУ и ММФ во 2014 година, надевајќи се дека тоа ќе помогне за пополнување на дупките во буџетот.