Во Белград уапсен Кељеменди- еден од најбараните криминалци на Балканот


СРБИЈА- Еден од најбараните криминалци на Балканот, Елвис Кељеменди (39) денеска е сослушан во првото основно јавно обвинителство во Белград и одредена му е мерка притвор од 30 дена.Неговитиот адвокат, Небојша Петровиќ, потврди за српски „Курир“ дека неговиот клиент ја негирал вината.

Кељаменди е притворен поради кривично дело насилство во семејството и недозволено држење на огнено оружје и муниција. Задржан е во притвор поради страв од бегство. Обвинителството исто така го терети и неговио татко Насер за организиран криминал, убиство, поседување и продавање на дрога и уште многу други обвиненија за кои треба да му се суди. Кељеменди со години се наоѓал на црната листа на САД.