Во Австрија е дозволено да се покаже среден прст и да се опцуе вицеканцелар


Да се покаже среден збор и да се каже „fuck“ на политичар, па и ако е вицеканцелар, во Австрија е дозволено, под услов да е добро образложено, пресуди Апелацискиот суд во Виена, повикувајќи се на слободата на мислење.

Апалацискиот суд ја потврди претходната пресуда, по тужбата на лидерот на крајната десница и заменик канцелар Хајнц Кристијан Штрахе откако бил нападнат од група крајни левичари и „јавно го навредувале“ на манифестација.

Во пресудата, судиите образложија дека „офрлање на политички челник“ може да се „изрази и на провокативен и шокантен начин“ и оти тоа е „основен елемент на слободата на мислење“.

На една манифестација во октомври, припадници на крајно лева организација извикувале „Fuck Штрахе“ и притоа покажувале среден прст. На судењето тие наброаја повеќе причини поради што го направиле тоа.

Левичарската група денеска ја поздрави пресудата како „победа на слободата на мислење и медиумската слобода“.