ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија за сите обвинети за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април.

„Мислам дека веќе в понеделник  медиумите ќе го имаат Законот за амнестија за лицата од 27 април што е составен од страна на  врвни правници“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Арсовски меѓудругото денеска одговори и на прашањето дали партијата ќе се вклучи во процесот на поднесување уставни измени и амандмани. Во однос на оваа тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување на стратегија за дејствување во наредниот период.