Влада: Втори јануари-неработен ден


Владата го враќа Втори јануари како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор, неочекувано со одлука синоќа на владина седница.

Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.

До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како екстра-денови за славење на Нова Година и Денот на трудот, но тогашната нова владина гарнитура ги укина, воведувајќи нови на нивното место.

Граѓаните колективно се уште ги паметат овие два празници.

Во соопштението на владата, по седницата, нема образложение за ваквата одлука.

Фото: Б. Грданоски