Владата не планира нова амнестија


Владата не планира нова амнестија и нема договор со опозицијата за проширување на опсегот на амнестирање на лицата кои сториле кривични дела.

-Владата не предлага никакви измени на Член 353 од Кривичниот Законик и не се очекува било каква промена на тој член во рамки на процесот што се одвива во Собранието, е ставот на Владата во однос на гласините што се појавија во јавноста дека покрај Законот за амнестија што беше изгласан минатата недела Владата во договор со опозицијата подготвува нова амнестија.