Витсел ги одби Манчестер Јунајтед и Наполи за Борусија


Белгискиот репрезентативец, Аксел Витсел одби понуда на Манчестер Јунајтед пред да потпише со Борусија Дортмунд. Ова го откри агентот на играчот од средниот ред.
Витсел премина во германскиот тим со трансфер од кинескиот Тјанжин за околу 20 милиони евра.
Витсел (29) импресионираше со неговите настапи за Белгија за време на Светското првенство во 2018 година.
Агентот на играчот објави дека лично го советувал неговиот клиент да ја прифати понудата на Борусија.
– Бев искрен со него и му реков: Аксел, во Борусија ќе бидеш број еден, а ќе бидеш еден од многуте во Јунајтед. Исто така и во Наполи, рече Пол Стефани, кој го претставува Белгиецот.