(ВИДЕО) УЕФА го објави новиот спот со Јане
УЕФА го објави видео спотот за кампањата „Еднакви на терен“ во кој учествува Јане Велковски од Скопје, момче со спинална мускулна атрофија кое и во количка не се откажува од желбата да игра фудбал.
„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“. Јане е еден од лицата на кампањата.
Погледнете го спотот:
Јане отиде во Лион на покана на УЕФА, поради снимање на видео спотот за кампањата. Таму играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.