Венгер: Срамота е што не третирате како да изгубивме од петтолигаш


Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер се пожали на третманот што неговиот тим го доби по неделниот пораз од Манчестер Сити во финалето на Карабао купот.

-Не третирате како да сме изгубиле од тим од петтата лига, а не од Манчестер Сити кој доминира во Премиер лигата. Тоа е смешно. Срамота е вака да се однесувате со нас. Се разбира дека сум разочаран и тажен за пораз, но мора да бидеме реални со коментари, изјави Венгер во обраќањето до медиумите.

Ние не игравме толку лошо. Нашите играчи го дадоа својот максимум и знам дека така ќе биде утре. Ние сме целосно фокусирани на тој натпревар и се надевам дека можеме да се постигне подобар резултат. Ние сакаме следната сезона да играме во Лигата на шампионите и се ќе сториме за да ја постигнеме целта, додаде Венгер.

Арсенал утре игра уште еден натпревар со Манчестер Сити, овојпат во рамките на Премиер лигата.