Буфон и официјално нов голман на ПСЖ
Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон и официјално е нов голман на ПСЖ, објави францускиот клуб.
Буфон со ПСЖ денеска потпиша едногодишен договор со клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година, доколку бидат задоволни и двете страни.
Тој минатата сезона го напушти Јувентус, иако италијанскиот клуб му понуди ангажман, и одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.
– Знам за што ПСЖ и неговите навивачи сонуваат. Ќе ја дадам својата енергија, искуство, но и глад за победи да му помогнам на клубот да ги постигне големите цели кои се зацртани. Првпат во кариерата играм надвор од мојата земја, а само ваков амбициозен проект можеше да ме натера да донесам ваква одлука, истакна 40-годишниот голман.
Буфон цели 17 години беше на голот на Јувентус и за најтрофејниот италијански клуб бранеше на 656 средби, а сега го очекува нов предизвик, пред се трофејот од Лигата на шампионите.