Богојески: Јанчев, Рангелова, Данев и Богданов можно е да бидат разрешени


Разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески изјави  дека од партиските функции можно е да бидат разрешени и Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои гласаа на референдумот, Драган Данев, Даниела Рангелова, како и членот на ИК Костадин Богданов.

– ВМРО-ДПМНЕ се движи во апсолутно погрешен правец, во бездна, актуелното раководство е поврзано со структури во земјата кои ги контролира Русија, истакна Богојевски во интервју за 24 Вести.

Богојевски беше отстранет поради непрофесионално работење, но тој вели дека е разрешен поради непомирливоста на двата концепта – неговиот за демократизација, модернизација и европеизација и другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ.

– Мојот концепт е Западот, прозадната ориентација. ВМРО-ДПМНЕ фати погрешен концепт, кон Истокот, мора да најдеме начин да ја смириме топката и да фатиме правец, рече тој вечерва.

Вели дека влијанието на поранешниот лидер Никола Груевски е се уште присутно во партијата.

– Духот на Груевски, да не ме разберете погрешно тој е жив и здрав се уште присутен во ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоевски и додаде дека ретко ја посетува „Белата палата“, токму поради присуството на таквите емоции.