Бејли им пишал писмо на судиите: Не се вадете на САД кога носите одлуки


Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот.

Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, а Бејли напишал дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.