Белградска „Политика“: Одлуката на БПЦ „ги возбуди“ црковните кругови во Белград
Белградскиот весник „Политика“ во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква да прифати да ја застапува Македонска православна црква пред останатите цркви заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди“ црковните кругови во Белград.
Во врвот на СПЦ неофицијално изјавиле дека се „изненадени со одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата, со оглед на тоа што Охридската архиепископија на чело со архиепископот Јован Вранишковски, по неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови прашања во Стразбур, е законска канонска црква на тоа подрачје.